Грчева: Честитки за гласањето, нека ви е со среќа тонењето

Во емотивен статус на Фејсбук, претседателката на ГЛАС за Македонија – Солза Грчева, ги критикуваше граѓаните за вчерашните парламентарни избори и нивниот избор да ја дадат или да не ја дадат довербата на одредени политички опции.

„Честитки за гласањето вчера. Народов без око да му трепне си ги избира истите криминалци и веднаш се лепи и за нови кои се појавуваат. Последниве ќе му правеле космодроми и ќе му го продавале МЕПСО и Македонски пошти. Сѐ против што ние се бориме.

Нека ви е со среќа Северна, тоа сте го сакале цело време. Дадовте гласови на оние кои никогаш не беа со вас и на оние кои ве продадоа топтан.

Нека ви е со среќа тонењето и енормниот криминал.
Никако да препознаете здрави концепти за излез од ова бесконечно пропаѓање. Со неодговорноста, себичноста, ја запечатувате судбината на генерации.

Ние остануваме посветени на декриминализацијата, таа рак рана на нашево општество. Од криминал и името ви го продадоа, од криминал народот е сиромашен, од криминал децата ни се по светот, од криминал со трошки ги купуваат луѓето и за гласање“, напиша Грчева.

И таа, како и Апасиев од Левица, обвини за кpaжба на гласовите на помалите партии од страна на поголемите:

„За украдените гласови токму од Глас и нивна поделба на големите, нема што да зборувам кога со децении криминалци нѐ водат во провалија.

Уште еднаш, нека ви е со среќа!!! Секој народ си ја заслужува сопствената влада“, додаде таа.

- Реклама -