Апасиев обвинува дека на Левица ѝ се украдени три пратенички места

„Видете ја ПЕРВЕРЗИЈАТА на изборната кражба… Имаш рок од 24 или 48 часа за приговор, ама не ти даваат увид во записниците!? А и ако ти дадат, немаш како да ги споредиш дали бројот на гласови од хартиениот записник е ист со електронски внесените податоци – за да приговараш!?“, реагира на Фејсбук претседателот на Левица – Димитар Апасиев.

Како што вели, покрај двата пратеника според првичните симулации на ДИК, Левица треба да има уште три пратеници во парламентот:

„Искрадени сме од Ново Село, до Кисела Вода – на велико! По 30-40 гласа по изборно место.

Наши членови од Карпош кои гласале со цели семејства, на резултатите има 0 гласови!? Тројца пратеници ни крадат у моментов.

Прочитајте и:  „Левица“ најави кривична пријава за Гаши поради Предлог-законот за бранители, спикерот ќе бара да заседава Комисијата за деловнички прашања

Луѓе ова е досега НЕВИДЕН ИЗБОРЕН ГРАБЕЖ!!! Ова нема така да помине!“, порача Апасиев.

Во претходен Фејсбук статус, отприлика кога беше објавено дека ДИК рачно ги брои гласовите, Апасиев овие избори ги нарече најнерегуларни од постоењето на државата:

Денеска Левица одржа и прес-конференција:

- Реклама -