Заклучоците за Западен Балкан повторно блокирани, ЕУ членки го кренаа гласот против Бугарија

Заклучоците за Западен Балкан, и покрај најавите и очекувањата да бидат усвоени откако „беше пронајдена компромисна реченица која ги задоволува бугарските барања за добрососедските односи“, се трнати од дневен ред поради немање едногласност кај земјите членки.

Имено, како што пренесува „Радио Слободна Европа“, повикувајќи се на доверливи дипломатски извори во Брисел, заклучоците не се усвоени поради забелешките на Чешка, Словачка и Австрија, и тоа токму во однос на вклучувањето на историскиот контекст во официјалните документи на ЕУ, што, според нив, создава нов преседан.

Како што пренесува дописничката на „РСЕ“, до промена на позицијата дошло откако документот го прочитале надлежните официјални лица во некои држави членки. Според изворите од Брисел, Словачка, со поддршка на Чешка и Австрија, сметаат дека во завршниот документ „премногу ѝ се попуштило на Бугарија“.

Во меѓувреме, со соопштение излезе и чешкото МНР. Во него се наведува дека Чешка силно го поддржува процесот на проширување на Унијата, но и дека „постоечкиот текст со заклучоците подразбира понатамошни компликации на патот во процесот на проширување“. Целиот текст прочитајте го на РСЕ.

- Реклама -