Започна уривањето на објектот кај „Мавровка“, ВМРО-ДПМНЕ бара Владата бесплатно да сруши и други дивоградби

Кога веќе владата го откри идентитетот на инвеститорот на дивоградбата во Мавровка која се изгради во нивно време и се понуди бесплатно да ја сруши, тогаш по истиот принцип Владата треба бесплатно да сруши и уште неколку други дивоградби, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако утрово започна уривањето на бетонскиот објект кај ТЦ „Мавровка“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, такви се:

1. Дивоградбата на дивата платформа на Матка
2. Дивоградбата во близина на Скопското Кале кај касарната Илинден
3. Дивоградбата на Нефи и летната тараса кај охридскиот Чинар
4. Дивоградбите долж охридското крајбрежје

Доколку не го направи ова владата покажува дека сето ова е евтин театар, велат од опозицијата.

„Затоа сметаме дека крими-тендерашката власт на Заев се обидува да направи театар со дивоградбата кај Мавровка. Вистината е дека токму оваа иста старо-нова власт дозволи дивоградбата да никне на едно од најфрекфрентните места во Скопје, па со месеци се натегаа чија надлежност е, па бараа преку платени огласи кој е инвеститорот, за сега наводно да поднесуваат кривична пријава и да најавуваат рушење.

Прочитајте и:  Петрушевски: Љупчо Дон Николовски потрошил 976.199 денари на кафеани и ресторани како министер за земјоделие

Сето ова граѓаните ги чинеше и ќе ги чини пари, како преку циркусот со огласи во весници, така и преку рушењето со народни пари. Тешко на таа држава во која Владата мора вакви драмолетки да прави од нешто што не смеело ниту да се појави.

Смешна е кривичната пријава од страна на Јавното обвинителство откако дозволија да се изгради. Па оттука логично се поставува прашањето: како и кога се дознал идентитетот на сопственикот на дивоградбата кај Мавровка? Дали ЈО знаело за ова и зошто чекало толку време? Дали Зоран Заев е вмешан во ова и дали поради откажување на непослушност од страна на сопственикот на објектот, Заев го откри сторителот?

Што друго да се очекува од влада-дивоградба на која личното богатење, корупцијата и криминалот и се главната одлика“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

- Реклама -