Започна рушењето на дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“! (ВО ЖИВО)

Се случи и тоа – започна рушењето на дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“, откако вчера Владата, со одлука на владина седница, препорача јавното претпријатие „Македонија пат“ да обезбеди механизација и персонал за уривање на дивоградбата.

Како што пренесе „Алсат“, утрово кај дивоградбата била распоредена механизација, а присуствува и полиција.

Вчера МВР поднесе и кривична пријава против сопственикот Мевлудин Алити.

- Реклама -