По повод Светскиот ден на музиката, 21. јуни и 15 години постоење на Градскиот хор – Штип, во понеделник на 24 јуни со почеток во 20 часот, во Галерија 22 при НУЦК “Ацо Шопов” Штип , ќе се одржи концерт на ГКХ “Астибо – Штип”.
Како специјални гости на концертот ќе настапат Марија Данева – вокал, Владимир Марган – хармоника, “Токата бенд”. Диригент е Ивана Ѓурѓевиќ.