Вучиќ на годишнината од Бриселскиот договор: Срам да ви е! Единаесет години лаги и терор без формирање на ЗСО, а за задржувањето автобуси вчера нема кој не реагираше

Поминаа 11 години од Бриселскиот договор во кој Србија се развиваше и напредуваше побрзо од другите. Но и 11 години лаги и терор што ни ги вршеа приштинскиот режим и ЕУ. Единаесет години не се спроведува суштината, формирањето на Заедницата на српските општини, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој додаде дека поминале 11 години во „брутални лаги, по што се поставува прашањето каква доверба можеме да имаме и да изградиме“.

Според него, немало кој не реагирал вчера поради задржувањето автобуси на премините.

– Срам да ви е сите заедно. Автобусите не беа приведени, но две-три лица беа приведени на распит: едното беше припадник на ОВК и е осомничен дека сторил кривично дело. А вториот е задржан од безбедносни причини. Сите тие се пуштени. И тоа беше најголемиот проблем на светот. Блокадата на стоки од Србија кон Косово трае веќе десет месеци… Сите молчите, нагласи тој и наведе случаи на апсења и тепања на Срби на Косово.

Прочитајте и:  Вучиќ: Некои не поднесоа оставка поради притисок, сега им е шансата да покажат одговорност

Тој рече дека ќе мора „да се навикнеме на тоа лицемерие и дволичност бидејќи тоа нема да се промени“ и дека тоа се гледа од резолуцијата за Сребреница во ОН и Советот на Европа.

- Реклама -