Како што објаснува креаторот на видеото , сè што ви треба е звучник, тапа со црево и камера која снима 24 рамки во секунда.
Потребно ви е и нешто што генерира звук со фреквенција 24Hz. Може да користите софтвер за генерирање на соодветниот тон или функционален генератор (или туба, на која се свири најниско „сол”, ако повеќе ви се допаѓа). Звукот го тера цревото да вибрира, односно трепери 24 пати во секунда. Со голо око се гледа само нешто матно, но ако камерата исто снима на секои 24 секунди, видеото изгледа како водата да е замрзната во вселената, само со мали измени во позицијата на капките.
Поставете ја фреквенцијата малку нагоре и водата ќе почне да се спушта бавно – сега цевката се раздвижува на секои 0,04 секунди, за разлика од претходните 0,0417 и изгледа дека капките се движат со 4% од нивната вистинска брзина.
Работите стануваат навистина интересни, кога ќе направите фреквенцијата само малку пониска од потребната брзина (на пример ако музичарот отсвири „F” на. Сега водата како да се движи нагоре. Потпрете се на ефектот и уживајте.