Со се што се случува во технологијата овие денови, понекогаш е убаво да се внесе и малку стар шарм во дигиталираниот живот. Еден креативен начин беше осмислен од Кристофер Лок од Остин, Тексас. Инспирацијата за неговиот дизајн доаѓа од обликот на старомодните грамафони кои се користеа во домовите уште од 1877-та година. Наместо да дизајнира нов звучник кој ќе го поврзе со iPhone-от, Лок користи прекрасни стари дувачки инструменти, кои ги нарекува „Analog Tele-Phonographers“.