Џејмс Блад Алмер, Грегори Портер,Авишаи Коен, Јоаким Кин, Џанлука Петрела се дел од звучните имиња кои ќе настапат на овогодинешниот фестивал.
Фестивалот се одржува од 15 до 18 октомври во Македонската опера и балет и во Сити Хол, поранешен Хард Рок.
„Можеби е карактеристично што имаме три соло рецитали на Џеимс Блод Алмер, Јоаким Кин и Грег Теборн. Имаме голем состав по угледот на Фаја од минатата година. Повторно од Шветска, но овој пат ни доаѓаат Енџелс Еит. Имаме трио што го води популарниот Авишаи Коен. Еден многу широк дијапазон дури и по величината на групите кои ќе се појавуваат на сцена, вели уметничкиот директор на „ Скопје Џез Фестивал“ , вели Оливер Белопета, уметничкиот директор на фестивалот.