Звучен панел: Докторот

doktorot1Би сакале да ви го претставиме првиот македонски звучен панел со Докторот во главната улога, личност која веќе подолго време егзистира на брановите на City Radio, секој понеделник и вторник по полноќ.

Би сакале да ви го претставиме првиот македонски звучен панел со Докторот во главната улога, личност која веќе подолго време егзистира на брановите на City Radio, секој понеделник и вторник по полноќ.

Во соработка со хумористично-забавната радио емисија „Балканска е-Банка“ изработивме звучен панел по светски сеирџиски стандарди. Се работи за флеш анимација преку која може да ги слушнете омилените фрази на Докторот или пак да се јавувате кај своите пријатели и да „говорите“ во негово име.

Свртете го саканиот телефонски број, вклучете интерфон, наместете ги звучниците близу апаратот и оставете таблата да си го направи своето. За максимален ефект, добро проучете ја поставеноста на копчињата. Доста зборење, ќе оставиме и Докторот да каже нешто.

 

кликнете на сликата која ќе ве однесе до звучниот панел

paneldok

 

- Реклама -