Ѕвездите за годината што следува: Годишен хороскоп за 2015

Да видиме што предвидуваат ѕвездите за годината која што следува.

ОВЕН: За овните ова ќе биде една од најдобрите години досега. За оние кои бараат работа, конечно ќе ја најдат и ќе имаат подобра плата. А оние кои веќе имаат работа или се занимаваат со некој приватен бизнис, ќе имаат промени, но само на подобро. Исто така, ако планирате да купите нов автомобил, да си купите стан или нешто крупно, тоа и ќе се исполни. Едноставно оваа година се ќе ви тргне од рака. Дури и некои проблеми или парници кои досега ве оптеретувале, веќе од првата половина од годината ќе бидат средени и разрешени. Покрај успехот на работен план и подобрувањето во финансиска смисла, ве очекува и наклонетост на вашите блиски личности. Покрај тоа, во оваа година во однос на претходната повеќе ќе се забавувате и повеќе ќе работите на она што вистински ве исполнува. Од таа причина ќе бидете задоволни и на љубовно поле, без разлика дали веќе се во врска или барате нова романса. Здравјето ќе ве служи, но повремено одете на контрола од превентивни причини.

БИК: Ова ќе биде година во која Биковите ќе бидат на помали или поголеми искушенија и ќе бидат изложени на рани предизвици, кои ќе ги наоѓаат речиси секој месец. Она што е охрабрувачко за сите родени во овој знак е дека поголемиот дел од тие пречки и препреки успешно ќе ги совладуваат. Секој следен работен и животен успех поради тоа ќе и биде помил, бидејќи ќе бидат свесни колку се бореле за да успеат. На љубовен план, за Биковите 2015-та година ќе биде многу интересна. Оние кои се во долги врски, би можеле конечно да стапат во брак. Оние кои веќе се во брак има голема шанса да се поправат некои односи и да живеете посреќен заеднички живот. За оние Бикови кои се сами, може да се каже дека овој период е поволен за почеток на нова врска, па затоа немојте да седите со скрстени раце. Покрај малите настинки кон почетокот на годината, Вашето здравје ќе биде најчесто добро.

БЛИЗНАЦИ: Ако ве мачело некое имотно прашање за време на 2014-та година, во новата би требало тие работи конечно да ги разрешите во ваша корист, само е потребно бидете упорни и да имате верба дека на крајот се ќе биде во ред. Во прилог ви оди фактот дека во 2015-та година имате многу поголеми изгледи повеќе да патувате, за разлика од претходните. Тоа ќе донесе повеќе задоволство, среќа и позитивна енергија. Ако имате разрушени семејни односи во овој период би требало да преземете нешто по тоа прашање и да се обидете да ги поправите истите, бидејќи мирот во семејството е еден од најважните фактори за вашата среќа. На љубовно поле обидете се да не се мешате во туѓите врски или бракови, бидејќи тоа може скапо да ве чини. Обидувајте се да гледате на сопствениот живот и да веќе немате, обидете се да најдете личност која ќе ви значи и посветете и се.

РАК: Во оваа година на поголемиот дел од Ракови ќе им биде потребна дополнителна помош за да ги исполнат нивните замисли или да преминат низ тежок период кој е пред нив. Ако родителите ви се во можност да ви помогнат, немојте да ја одбиете нивната помош. Исто така, ако сакаат и пријателите да ви излезат во пресрет, не би требало ни нив да ги одбиете, бидејќи годинава ќе ви треба помош од луѓето кои ве сакаат. На љубовен план работите ќе бидат доста подобри, ќе почнат да ви се јавуваат луѓе кои се повеќе се интересираат за вас. Затоа бидете подготвени на љубовни изненадувања, романси и авантури. Она што е важно да се напомене е дека ова е одлична година за правење на дете, па затоа ако имате таква желба, 2015-та е вистинскиот период за вас.

ЛАВ: Проблемите кои се предизвикани од влегувањето во долгови, кредити и лошата финансиска состојба, оваа година конечно би можеле да се решат во ваша корист. Ситуацијата секако нема да биде сјајна, и нема многу работи да одат на подобро, но сепак ќе излезете од оние навидум безизлезни ситуации и конечно ќе застанете на нозе. Кога ти е финансиски проблеми ќе ги пребродите во првиот дел од годината, ќе бидете во добра позиција да можете дури и да се почестите и со нов автомобил или да одите на некое патување за кое долго време сте сонувале и сте го посакувале. Состојбата на работа ќе ви се поправи од месец во месец. Ако со партнерот сте во брак и немате деца, оваа година ќе биде пресудна за да го сторите тоа. Оние лавови кои се сами, имаат добра шанса годинава да влезат во вистинска сериозна врска која на крајот на годинат може да резултира со брак.

ДЕВИЦА: Конечно дојдоа вашите пет минути, или уште подобро цела година, особено на работно поле. Ако сте невработени, веќе на почетокот на годината можете да очекувате дека ќе се вработите. А ако веќе работите нешто, конечно ќе излезете во преден план и ќе доминирате во вашата работа. Ако имате деца, односот со нив ќе биде хармоничен, како и со вашиот партнер. Ако сте сингл, може да се случи да отпатувате во странство или дури да прифатите некоја возбудлива работа, која подоцна ќе резултира со нови романси. Ве чека навистина возбудлив период и искористете го на најдобар можен начин она што ви претстои, бидејќи ќе ве следи добра среќа буквално со што и да се занимавате и речиси на секое поле. Опуштете се и уживајте бидејќи конечно дојде вашето време.

ВАГА: Во овој период можно е поголемиот број ваги да купат недвижен имот. Ако сте имале семејни проблеми, веќе на почетокот на годината работите би требало да се средат и повторно да бидете во добри односи и без многу стрес. Исто така на работен план работите би требало да се нормализираат и од средината на годината да бидете во стабилен период во животот. Во овој период многу е важно да бидете трпеливи, да не донесувате непромислени одлуки и никако да не бидете арогантни и полни со себе. Ако успеете да го сторите тоа, ве чека голем успех на работен план бидејќи ќе остварите нови значајни контакти кои доста ќе ви значат во иднина. На љубовно поле без некои промени. Оние кои биле во брак, така и ќе остане, а оние кои се сами, мали се шансите оваа година да ја најдат сродната душа. Можни се кратко трајни романси.

СКОРПИЈА: За Скорпиите 2015-та е една од најдобрите години во последно време. Се очекува дека лицата родени во овој знак ќе остварат големи парични приходи, особено кон крајот на првата половина од годината. На работен план навистина ќе ви цветаат ружи, а и вашите соработници и колегите ќе ве почитуваат. Ако сте имале проблеми со трачарење од страна на луѓето од вашата околина, тие приказни би можеле во голема мера да се намалат оваа година. За сите кои долго се во врска со партнерот, ова е одлучувачка година за да стапите во брак, па можете без плашење да се одлучите на овој потег. Оние кои се сингл имаат убва шанса за време на средината на оваа година, да ја најдат личноста која ќе им одговара и прво од авантура, тоа да премине во нешто посериозно што на крајот од годината може да заврши со брак. Генерално гледано ова е многу добра година за вас и искористете го на најдобар можен начин.

СТРЕЛЕЦ: Годината поголемиот број Стрелци ги чекаат многу изненадувања и важни случувања. Добро подгответе се за тоа и немојте да потклекнете пред првиот проблем кој ќе се најде пред вас. Имате добри изгледи да склопите важни работи кои ќе ви донесат многу пари и кончна стабилизација на финансиски план. Иако кризата е се поголема, вие би можеле да бидете во добра позиција, само ако верувате во себе и сте упорни. Односите во вашето семејство би требало да бидат добри, па нема потреба да се грижите на тоа поле. А што се однесува на љубовта, ве очекува нестабилна година. На почетокот на годината би можеле да влезете во некоја сериозна врска, додека преку летото има големи шанси за краткотрајна романса. Сепак, секако ќе ви биде возбудливо и ако долго сте сами, годинава тоа ќе се промени, а колку ќе биде тоа така, останува на вас.

ЈАРЕЦ: На работно и финансиско поле оваа е година на Јарците. За што и да се фатите, ќе ви појде од рака и тоа со неверојатна леснотија. Ако барате работа веќе подолго време, конечно ќе ја најдете и ќе се вработите. А ако веќе работите или развивате некој бизнис, работите ќе одат по нагорна линија. За разлика од финансиската ситуациј, на љубовно и семејно поле ќе биде малку нестабилно. Избегнувајте бурни кавги со партнерот, особено околу првата четвртина на годината. Обидете се да го одржите мирот во куќата и убаво да се согласувате со вашите домашни. Разбирањето и трпението ви е важно, а и со подобрувањето на финансиската состојба се ќе оди полесно.

ВОДОЛИЈА: Ако имате желба да одите во странство, 2015-та година е годината за тоа, за сите припадници на овој знак. Немојте да чекате, едноставно следете ги вашите желби и веруваме дека нема да згрешите. Ќе ви се укажат добри работни прилики, па добро размислете и одберете ја онаа која најмногу ви се допаѓа и која ви изгледа напаметно. Следете ја вашата интуиција и верувајте во себе. Во овој период релативно добро ќе се согласувате со домашните. За Водолиите кои се сами, љубовниот хороскоп за оваа година е наклонет бидејќи постои голема можност конечно да влезете во сериозна и долга врска. Најголеми изгледи за тоа има за време на пролетта. Кон крајот на годината чувајте се од караници и несогласувања како со партнерот, така и со своите блиски луѓе и семејството.

РИБИ: Конечно дојде време да ги преземете работите во ваши раце и повеќе да не живеете во страв. Животот е преполн со можности и време е да почнете да се борите за себе, за подобро работно место, за подобра плата и за подобри животни услови. Ако не сте задоволни со работното место и платата, борете се тоа да го промените на подобро. Ако немате работа, време е да почнете да работите нешто приватно, бидејќи работата не паѓа од небото. Што се однесува на љубовта, Рибите кои се сами имаат добра прилика кон крајот на годината 2015-та да си ја најдат сродната душа и да остварат хармонична врска. Додека оние кои веќе се во врска или брак, треба да внимаваат и да им обрнат внимание на своите партнери или во спротивност може да дојде до разидување.

/Извор: Вистина.мк

- Реклама -