Ѕвездите на Пинк: Бора Ѓорѓевиќ задрема за време на настапот на еден натпреварувач

Бора Ѓорѓевиќ кој е член на музичкото шоу „ Ѕвездите на Пинк“, а воедно и фронтмен на легендарната музичка група „Рибља чорба“ заспа додека слушаше еден од натпреварувачите како пее. 

Очигледно му здодеало да го слуша натпреварувачот па решил малку да задрема. Останатите членови го разбудија и тие заедно со публиката и водителот не престанаа да се смеат на постапката на Боро.

Само натпреварувачот се почувствува непријатно поради шегата на пејачот.

 

- Реклама -