Ѕвездите кои заработуваат најмногу после смртта

Кралот на поп музиката Мајкл Џексон повторно ја предводи годишната листа на американското списание „Форбс” со најпрофитабилните мртви личности.Култот и почитта кон личноста и делото продолжуваат да провоцираат внимание и емоции. Минатата година приходите на легендата на поп-музиката достигнаа до 140 милиони  долари.

Голем дел од нив се од влезни такси во зградата на кралот на поп-музиката, со тоа што само тие трајно ги надминуваат приходите на многу живи личности, забележува „Дејли Меил”. Покрај тоа во текот на годината беше претставен на пазарот вториот постхумно издаден албум со негови песни – Xscape. Вниманието кон пејачот беше засилено и од емитувањето на холограм со негова имплементација на церемонијата на доделувањето на музичките награди „Билборд”.

Втор на листата на најпрофитабилните починати ѕвезди е рангиран Елвис , со заработени 55 милиони долари. Тој имаше „коннцертна турнеја” преку холограм технологија уште во 2012 година. Туризмот во неговите дворци и музичката  библиотека формираат големи профити во корист на компанијата Authentic Brands Group, која минатата година ги купи за 125 милиони долари правата за управување со името „Елвис” како бренд.

Трет е светскиот карикатурист Чарлс М Шулц , кој почина од рак во 2000 година. Благодарение на неговото име се заработени 37 милиони долари.

 

Англиската актерка Елизабет Тејлор е на четвртото место со 25 милиони. долари профит, собрани од продажбата на парфеми со нејзиното име и нејзините стари филмови.

 

Реге фаворитот Боб Марли е петти, поради неговата постојана појава на чанти, кошули и додатоци во целиот свет.

Шеста е Мерилин Монро , по која што е рангиран Џон Ленон, потоа Алберт Ајнштајн, Бети Пејџ, Стив Меквин, Брус Ли и Џени Ривера.

- Реклама -