Мирослав Илиќ, музичар чија популарност меѓу љубителите на народната музика во подрачјето на поранешна Југославија трае повеќе од четири децении, а последните месеци од сосема поинаква причина стана топ тема во српските медиуми.
Шпекулирањата за тоа дека има вонбрачно дете, Мирослав Илиќ го следат неколку години. Пејачот овие информации еднаш ги има демантирано, но поседниве недели приказнаа доби продолжение.
Српските медиуми објавија исповед на Мирјана Антоновиќ која тврди дека Мирослав го запознала во 1984 година за време на неговата турнеја во Америка. Нив двајца ги запознала Лепа Брена. Тогаш почнала нивната двегодишна љубовна врска од која го добиле синот Девин, денес 30-годишен маж но Илиќ за тоа не сака да слушне.
А се чинеше дела славејот од Мрчајевац, како што го нарекуваат српските медиуми, со сопругата Гордана полни 44 години живеат во хармоничен брак без скандали. Тие се родители на две деца, и имаат внуци. Жената која тврди дека имаат заеднички син ја нарекува психопат кој сака да му го уништи животот. Мирјана Антоновиќ за врската со Илиќ и синот проговори дури откога пејачот јавно ја навреди.
И Лепа Брена знае за големата тајна
Нивната врска Мирјана ја потврдува со голем број заеднички фотографии од времето кога биле во врска на кои се гледа нивната блискост. Двојката на нив разменува нежности, а на некои фотографии Мирјата тврди дека веќе била во седмиот месец од бременоста. Откако ја оставил Илиќ и се вратил на својата официјална сопруга, Мирјана се омажила за маж кој нејзиниот син го признал како свој.
Приказната на Мирјана ја потврдува и Лепа Брена која знае за оваа голема тајна, а за која Илиќ со години не разговата. 30-годишниот Девин сега инсистира на ДНК анализа со која сака да потврди дека е син на Илиќ, но пејачот го одбива ова тестирање. Инаку, Девин идентитетот на својот татко го дознал дури во 2008 година. Од тогаш безуспешно се обидува да го запознае. Во придружба на својата мајка Мирјата во август наводно ќе пристигнат во Србија. Мајката и сонот бараат случајот еднаш засекогаш да биде решен.
Повеќе за ова можете да погледнете на овој линк.