Тие станаа ѕвезди, добиваа аплаузи, собираа гласови и делеа автограми, шоуто заврши и што потоа?
Членка на групата 4You Катарина Манојловиќ се откажа од музичката кариера после X factor. Taa признава дека се разочарала од естрадата и ќе и се посвети на шнајдерската кариера.
– Никогаш повеќе нема да имам љубов кон пеењето. Сфатив за време на шоуто дека тоа не е за мене и дека не е лесен патот кон успехот. Велат дека треба да одам низ трња до ѕвездите, но не сум јас за тоа, вели Катарина и додава дека не постои посебна причина за откажувањето.
– Едноставно не се вклопив. Не ми одговара таа напнатост. Јас сум уметничка душа, па тоа ќе го искористам на друг начин.
Пеењето е за мене минато, ќе запишам курс за шиење. Отсекогаш сакав парчиња, да шијам да комбинирам во гардеробата. Мислам дека тоа е вистинскиот пат за мене. Ако ништо друго, барем ќе „испечам“ занает, па тогаш ќе немам грижи. Со занает ќе имам сигурна работа.
Катарина паралелно работи како промотерка на еден козметички бренд.
– Кога ме гледаат како промовирам, се чудат и не им е јасно, но не знам зошто. Нормално дека ќе работам и ќе заработувам, сигурно нема да седам дома и да чекам да ми падне можност од небо. Не е срамота да се работи, вели таа.