Она што го гледате на сликата погоре е најновиот McLaren P1 GTR – ѕверски автомобил за вистинските љубители на големите брзини и адреналинот.
Тој е само еден од многуте автомобили кои се појавија на автошоуто во Њујорк оваа година. Настанот ќе трае до 12 април, а истиот е вистински рај за манијаците на супер автомобили кои многу ретко можат да се видат низ градските улици.
За да ви ја доловиме атмосферата, ќе ве доближиме максимално до шоуто, презентирајќи дел од овие автомобили.
Плакнете очи, и не заборавајте, ова е само почетокот од големиот настан.
Напојуван со водород – Toyota Mirai . Автомобилот се уште е во фаза на концепт.
Уште еден концепт – Subaru STI , со многу повеќе коњски сили и исто толку убав како и неговиот претходник.
Nissan GT R Nismo . Што повеќе еден човек може да посака?
Најновиот Dodge Viper со изненадувачки интересна боја.
Aston Martin Vulcan
Тука е и луксузниот супер автомобил Acura NSX .
Последната G-класа – тоа е Mercedes G65 AMG .
Уште еден убавец од Германците – Mercedes AMG GT S .
Ова е концептот на Honda за нивниот нов модел Civic .
Ford не заостануваат со својот концепт за Ford GT .
Последниот модел Chevrolet Corvette Z06 со платнен покрив.
За љубителите на европски автомобили – лево гледате BMW 3,0 CSL , а десно – новото BMW Z4 GT LM .
Се разбира, не можеме да не покажеме и еден од најпознатите последни автомобили од BMW, повторно напојувањето се врши со водород – тоа е i8 .
И на крај Lexus RC F GT3 .