Зуди Енузи Кока, братот на Цуфи Кока, назначен за нов директор на АД МЕПСО

Надзорниот одбор го назначил Зуди Енузи Кока за нов директор на АД МЕПСО. Од компанијата, за МИА, ја потврдиле од компанијата.

Назначувањето ќе се официјализира по запишувањето во Централен регистар.

Енузи Кока досега беше шеф на кабинетот на разрешениот директор на АД МЕПСО – Сурија Рашиди. Тој претходно беше директор на ЈП „Комунална хигиена“, но беше разрешен од градоначалничката на Скопје – Данела Арсовска, поради инцидентот со неговиот брат Јусуф Енузи, познат како Цуфи Кока, кој пукаше со пиштол при конфронтацијата со демонстрантите кај плоштадот „Скендербег“ за време на протестите против францускиот предлог.

Зуди Енузи Кока е член на Алијанса за Албанците, која сега е коалициски партнер во Владата.

Прочитајте и:  Митева: МЕПСО клучна функција му биле донации на спортски клубови наместо пренос на електрична енергија

Извор: МИА

- Реклама -