Зошто токму штрковите ги носат новородените бебиња?

Сите знаеме како се прават бебиња. Штрковите често се видени како летаат над покривите со мали платнени торби во клунот, кои потоа ги оставаат пред вратите на среќните родители кои со нетрпение чекаат да го отпакуваат подарокот, така? Но, зошто баш штрковите се задолжени за оваа работа?

Тие биле асоцирани со бебињата уште со векови. Во грчката митологија, штрковите се поврзувале со крадењето на бебиња. Имено, Хера ја претворила својата ривалка Герана во штрк, а пак таа подоцна се обидела да го украде својот син. Во египетската митологија, штркот ја претставувал душата, а неговото враќање значело враќање на душата и ново раѓање. Во нордиската митологија, оваа птица била симбол за семејни вредности и обврзаност и блискост на родителите.

Dave Sheldrake Photographer

И во неколку други митологии, штрковите се симбол на верност и моногамен брак. Иако не е така, во голем дел се верувало дека тие имаат само еден партнер до крајот на животот. Сепак, имаат тенденција да се враќаат во истото гнездо секоја година и да се парат со истиот партнер.

Слични верувања биле дел и од кинеската, израелската и разни европски митологии, но се смета дека симболиката на штрковите со носењето на новородени бебиња започнала во Германија, пред неколку стотици години.

IMG_3401

Како и сите други птици-преселници, тие летаат на југ во есен и се враќаат во Европа 9 месеци подоцна. Обично пристигнуваат назад околу Март и Април. Бебињата родени во овој период, биле зачнати претходната година во Јуни, а тоа „коинцидира“ со прославата на летната рамноденица, но и пагански празник на кој се склучувале многу бракови, кои секако, значеле многу први брачни ноќи и многу нови бебиња на пат. Земајќи во предвид дека цутот на новороденчиња се случувал паралелно со враќањето на штрковите, станува јасно како настанал симболизмот.

storks-01

Митот го подгреала бајката на Ханс Кристијан Андерсен – „Штрковите“, напишана во 19-тиот век, во време кога „правењето бебиња“ била особено табу тема. Во бајката, штрковите во едно село се малтретирани од едно лошо дете, а се осветуваат со носење на мртво бебе во неговото семејство. За добрите деца пак, штрковите носеле здрави братчиња и сестричиња од блиското езерце во кое тие сонувале.

Можеби во помала мера, но лагата се користи и до ден денес. Најголемата причина за тоа, но и за многувековното негово постоење, е сепак, човечката потреба да се избегнат непријатните детски прашања, во исто време задоволувајќи ја нивната наивна љубопитност.

- Реклама -