Зошто мажите не можат без жените?

Текстот кој го објави „Њујорк Тајмс“, зборува за љубовните двојки и студиите кои ги истражуваат. Земајќи ги во предвид резултатите од предходните студии, авторите на текстот веруваат дека откриле како точно жените влијаат на мажите и зошто тие не можат без нив.

marianne-taylor-london-creative-couple-beloved-photography-17_large

Имено, како што една студија вели, мажите кои имаат сестри се помалку себични, а друга, дека машките директори повеќе ги плаќаат и се грижат за вработените доколку имаат ќерка, според што, истражувачите се цврсто уверени дека мажите во женско присуство се особено разнежнети.

Untitled-20

Сепак, фактот дека жените позитивно влијаат на мажите не е никаква новост. И други истражувања покажале дека оженетите мажи се поздрави, воглавно затоа што жените ги поттикнуваат на одење на лекар, подобра исхрана, престанување со пороци…

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

couple-kissing-sunset-engagement

На крајот на текстот се наведува онаа позната изрека која вели: „Зад секој успешен маж, стои успешна жена“.

Што мислите вие, дали е ова само една обична фраза, или пак вистина?

- Реклама -