Зошто е важно на бебињата да им пуштате музика?

Слушањето на музика, им помага на бебињата подобро да дишат, ги заспива, но им го зголемува и апетитот.

Предвремено родените бебиња, кога се изложени на музика, имаат побавен ритам на работата на срцето, а поради тоа полесно спијат и дишат, откри студија на научници од медицинскиот музички центар„ Beth Israel“. Откриено е дека звукот на некој инструмент, или пеењето им овозможува на бебињата подобро да спијат, а во некои случаи се подобрува и нивната исхрана, односно доењето.

Во истражувањето учетвувале 272 мајки на предвремено родени бебиња во 11 американски болници. На бебињата им пуштале различни песни и инструменти, а заклучокот бил дека сите инструменти имале пријатно влијание врз децата. Безралика за која песна се работи, бебињата ја доживуваат како приспивна.

Прочитајте и:  Американски технолошки стартап им ветува на родителите попаметни бебиња

 

 

- Реклама -