Зошто жирафата има долг врат?

Благодарение на темелно истражување на пршлените на вратот на роднини од семејството жирафи исчезнати пред многу време, дознаваме како денешната жирафа го добила необично долгиот врат.

Со години се смета дека вратот на жирафата е резултат на еволуцијата, но досега недостигаа фосили кои ќе ја поддржат оваа претпоставка. Во извештајот објавен во списанието Open Science на Кралското друштво, научниците го опишуваат вратот како “транзиционен” или “среден” вид самотериум (Samotherim), кој постоел пред 7 милиони години.

shutterstock_241223611

Откритијата на истражувачите од Технолошкиот институт во Њујорк се базираат на скаменети пршлени од жирафи населени во делови од Евроазија, вклучувајќи ја Грција, Јужна Италија, Турција, Молдавија, Иран и Кина.

Издолжувањето на вратот на жирафата се случило во најмалку две фази. Најпрвин вратните пршлени се издолжиле кон главата, а неколку милиони години потоа пршлените се издолжиле кон опашката.

Зошто жирафите имаат таков долг врат -на пример за постигнување повисоки растенија, посебен вид на самоодбрана или сексуална селекција,  – се уште се дебатира. За да откријат како нивните вратови постигнале толкава должина, тимот предводен од Мелинда Дановиц, од Колеџот за Остеопатска медицина во Њујоркшкиот Институтот за технологија (NYIT), анализирале и споредиле 71 пршлен од 11 видови во семејството Giraffidae (девет изумрени и два живи членови). Овие фосилни коски биле сместени во музеи низ целиот свет, а некои се откриени пред повеќе од еден век.

“Интересно е да се напомене дека дека издолжувањето на пршлените не било постојано,” вели коавторот Никос Солоуниас исто така од NYIT . “Прво, само предниот дел на С3 прешленот се издолжил но само кај еден вид на жирафите. Втората фаза била издолжувањето на задниот дел од пршленот на вратот-С3. Модерната жирафа е единствениот вид што била подложен на двете фази, и тоа е причината за неверојатно долгиот врат. ”


На левата страна, фосилниот С3 прешлен на Samotherium, изумрен вид на жирафите што живеел пред седум милиони години. Овој вид бил подложен на првата фаза на издолжување, но не и на втората. На десната страна, е C3 прешлен на модерна жирафа, кои биле подложени на двете фази на издолжување.

На нивно изненадување, тимот открил дека ова издолжување претходел од видот Giraffidae. “Ние, исто така, откривме дека најпримитивните жирафи биле родени со малку издолжен врат”.

- Реклама -