Зошто жените избегнуваат секс?

Иако би требало да претставува едно од најголемите задоволства, повеќето жени изнаоѓаат разни изговори да немаат секс. Сепак, секое оправдување може да се надмине.

 

Јас сум престара за ова

Ако уште можете да дишете, јадете и да се смеете и понатаму треба да бидете отворени за нови сексуални искуства. Здравствените проблеми може да влијаат на тоа кои идеи или техники треба да ги изберете, но без оглед на сѐ, мислењето дека сексот е само за младите е сосема погрешно.

Јас сум среќна со „обичниот“ секс

Многу жени не сакаат добар секс, затоа што страсниот сексуален однос е и физички и емоционално моќен, па не им се допаѓа кога ќе ја изгубат контролата. Интензивниот секс значи и интензивна врска, па и интензивна болка ако работите тргнат наопаку. Ако сте страдале во минатото и мислите дека не се исплати да сакате и да губите, веројатно сакате да играте на сигурно. Од друга страна, некои луѓе едноставно имаат ниско либидо. Ако двајцата партнери сакаат умерен секс, проблеми во врската веројатно нема да има. Меѓутоа, ако така мисли само едниот од нив, доаѓа до разидување на сексуалните очекувања, а неисполнетите желби оставаат голем простор за неверство.

34132_how-does-sex-relate-to-the-zodiac-1365079116-sep-20-2012-1-600x400_iff

Не можам поради децата

Двојките со деца постојано размислуваат дека децата може да ги фатат во незгодна ситуација. И за овој страв постои решение. Ангажирањето дадилка или молба од пријателите да ви ги почуваат децата ќе биде од голема помош. Ако се случи и да ве фатат на дело, не паничете. На малите деца треба да им се објасни дека мама и тато прават вообичаени работи. Постарите деца може да бидат погруби, но и со нив не треба да го избегнете разговорот за сексот.

Не сум авантуристички тип и не сакам промени

casual_110811023415

Екстроверните луѓе сакаат да пробаат нови работи, додека интроверните го избегнуваат тоа. Убедени дека ќе направат будала од себе, сакаат да ја зачуваат самопочитта. Совет за нив е на глас да кажат од што се плашат и кога ќе ги слушнат своите стравови ќе увидат колку се бесмислени.

Срамежлива сум и би ми било непријатно

На срамежливите личности не им се препорачува да почнат со екстремни промени. Ако ви е непријатно да бидете во центарот на вниманието или не сакате секс играчки, може да почнете со помалку застрашувачки новитети. Друго решение е вашиот партнер да ја има доминанатната улога.

- Реклама -