Тајланд уште еднаш се докажа себеси дека е најпопуларното место за Инстаграм, откако трговскиот центар Siam Paragon во Банкок се искачи на врвот на најфотографираните места и споделувани на Фејсубук за 2013 година.
Ова не е случајност, минатата година тајландскиот аеродром Suvarnabhumi Airport беше на врвот на листата, со Paragon на второ место. Па, што е тоа со Тајланд, и тие две места, кои станаа „мека“ за Инстаграм филтрирачите на квадратните фотографии?
Одоговорот е повеќеслоен. Една работа е, порастот на Инстаграм се совпадна со масовното користење на смартфоните во урбаните средини во Тајланд. За многумина почетници во користење на овој тип на мобилни, Инстаграм беше логична апликација за следење секојдневно.
Услугата исто така беше прифатена од познатите личности и многу врвни брендови. Актерката Patchrapa Chaichua е најследен корисник на Инстаграм во Тајланд, со над 1.8 милиони следбеници, што го надминува бројот на нејзината Фејсбук страница (558.000).
Иако фундаментално, Инстаграм трендот е успешен благодарејќи на луѓето од Тајланд кои обожаваат да сликаат, желбата да се документираат активностите и да ги споделуваат со пријателите каде биле, и фактот дека мега трговските центри како Paragon комбинираат толку многу во една еднинствена локација.
Посетата на трговскиот Siam Paragon, кој е најголемиот трговски центар во Азија, ви носи: аквариум, кино, концертна хала, голем број ресторани/кафулиња, и се разбира навидум неограничени редови на продавници- е шанса да се сликнат неколку фотографии и да се објават на социјалните мрежи.