Едно од најголемите прашања и најголемата неизвесност за сите нас е кога ќе заврши целава вонредна состојба и кога сите ние ќе продолжиме да си функционираме нормално со нашите животи…
Посебно засегната група на граѓани се оние кои имаат резервирано термин за свадба оваа година, посебно оваа летна сезона… Оттука, доколку навистина сте приморани да ја презакажете вашата свадба поради вирусот COVID-19, една од опциите кои би можеле да ја разгледате е свадба во работен ден. А прочитајте и зошто!
Ако ја презакажувате вашата свадба поради корона вирусот, веројатно се соочувате со истиот проблем како и останатите парови – да го пронајдете соодветниот свадбен термин, односно да си добиете “вашата сабота или недела” само месец, два или три подоцна… Но, за жал најголем дел од “убавите” термини се зафатени веќе од поодамна, па така доколку ви е навистина значајно оваа година да направите свадбена прослава, свадба во работен ден може да биде вашата единствена опција! На ова ние би рекле: Go for it! Има многу причини за тоа како свадба во работен ден може да биде и подобра од свадба за време на викенд.
Се мислите дали да воопшто да ја презакажете вашата свадба за оваа сезона? Единствена опција за тоа ви е термин во работен ден? Изволте неколку причини зошто е тоа одлична идеја да го направите:
1. Вашиот нов свадбен термин може да биде побрзо од очекуваното
“Дечки, во Септември ни е слободен само четврток!”. Замислете, сте биле едни од оние парови кои уште пред Нова Година ги имале најголем дел од работите средено… свадбена локација и супер термин, музичката група, фото студио и видео итн. Доколку по секоја цена сакате да го задржите терминот, можеби ќе треба да чекате до наредната година за да ги наредите коцките како што сте го имале истото направено сега. Но, доколку навистина ви е важно вашата свадба да се одржи оваа година, свадба во работен ден ви го овозможува токму ова… да го направите вашиот дрим-тим без многу напор.
Тргнете од петоците, петок е работен ден, но супер ден за забава и добар провод. И имајте на ум дека ова не само што е добро за вашиот морал, туку и навистина ќе помогнете на сите страни вклучени во вашата свадба за полесно да ја пребродат оваа економска криза која ја создаде вирусот COVID-19.
2. Сите свадбени услуги е многу поверојатно да бидат достапни и слободни
Свадбениот термин во ресторанот не е единствениот проблем. Бендот, вашиот омилен фотограф и камера, црквата и матичното се само дел од оние свадбени услуги кои можеби ќе бидат зафатени, дури и да најдете слободна сабота во свадбената локација. Но, со свадбен термин во петок или четврток, шансите за ова се прилично големи.
3. Да, вашите “VIP” гости ќе се појават
Сите ќе дојдат! Можеби сте скептици поради фактот што е свадба за време на работен ден, па луѓето поради работните обврски нема да се појават на вашата свадба, или можеби ќе дојдат, но ќе бидат резервирани поради утрешниот работен ден. Не се грижете.
Земајќи ги во предвид сите околности поради кои сте го откажале вашиот редовен термин за свадба, гостите, посебно оние најблиските, ќе го дадат својот максимум да го направат вашиот ден посебен… дури и утредента да се во 7 часот на работа. Имајте на ум дека и после вонреднава ситуација, сите што сме заглавени дома и те како ќе чекаме повод за дружба, славје и пијанка 😊.
4. Вашата свадба може да помине уште поевтино од планираното
Испреговарајте топ цена! Поголем дел од свадбени услуги нудат пониски цени за време на работен ден, period. Дополнително и уште поважно – сите сме свесни за загубите на сите инволвирани страни, па така цените кој можете да ги добиете за свадба во 2020 година, бидете сигурни дека нема шанси истите да ги добиете за свадба во 2021 година, без разлика дали ќе се одлучите за работен ден, или викенд.
5. Уште полесно за реализација кога свадбата ја правите во вашиот роден град
Најголем дел од свадбите на скопјани се во Скопје и не се подалеку од 10Km oд центарот на градот. За разлика од свадбите надвор од нашата држава, каде неретко пракса е истите да се реализираат надвор од градот, за среќа, ние го немаме овој проблем! Оттука, сигурно мал дел од вашите гости треба да патуваат за да стигнат на вашата свадба, па ова воопшто не проблем за истата да ја реализирате во работен ден.
6. Можност да организирате релаксирана свадбена прослава, токму каква што посакувавте
Свадбите за време на работни денови можат да бидат многу поедноставни настани, без многу бука и заглавување до раните утрински часови. Доколку секако ја замислувавте вашата свадба како опуштена и релаксирана прослава, но можеби поради вашите родители бевте “приморани” за потрадиционална верзија на свадба, сега е одлична шанса потполно да ја реализирате вашата замисла. Па така, ако микро свадба или прослава со помалку народ е секогаш вашиот прв избор, термин во работен ден за истата е совршен тајминг.
На Termin.mk може веднаш да ги погледнете слободните термини за вашата back-up варијантa оваа сезона.
Во меѓувреме, чувајте се, бидете цврсти, храбри и одговорни. Главата горе, срцето ширум отворено, и не заборавајте да бидете учтиви и попријатни кон другите. Сите сме заедно во ова.