Зошто треба почесто да практикувате утрински секс?

Утринскиот секс е фантастично решение за оние кои имаат проблем со расонувањето. Утрото ќе ви започне фантастично, цел ден ќе имате насмевка на лицето, ќе се чувствувате расположени, освежени и полни со елан.

Иако едно истражување дошло до податоци дека 65% од паровите водат љубов помеѓу 23 и 1 часот навечер, време е за некои позитивни промени. Сменете ја рутината, изненадете го вашиот партнер и започнете го денот љубовно.

Модерното темпо на живот, наметнува наутро само едно кафе да биде вашиот појадок. Но, доколку денот ви започне со секс, појадокот ќе ви биде најсладок оброк во денот.

Ја зголемува плодноста

Честиот утрински секс го подобрува квалитетот на спермата и ја зголемува плодноста на жената, ова го потврдува истражувањето спроведена од Клиниката за вештачко оплодување во Сиднеј. Според нивното истражување, квалитетот на спермата е за 12% подобра во утринските часови.

Го чисти тенот и ги зајакнува ноктите, косата и коските

Оргазамот за време на утринскиот секс, стимулира поголемо лачење на естроген во телото. Поради тоа, се подобрува циркулацијата и го намалува тестостеронот, што индиректно се одразува на квалитетот на кожата, косата, ноктите и коските. Со тоа, утринскиот секс навистина дава посебен сјај кај луѓето.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

sex-sang-som-manh-liet-hon-ngay-ngat-hon1424373799

Го намалува ризикот од срцеви болести

Сексот во утринските часови, доколку се практикува редовно, го штити здравјето на срцето, посебно кај мажите. Ова го потврдува истражувањето на Универзитетот во Белфаст, кое било спроведено на 1000 луѓе. Покрај тоа што е одлична замена за утринската гимнастика, утринскиот секс го намалува нивото на хормонот кортизол (стрес хормон), кој го зголемува ризикот од инфаркт и ги суши крвните садови.

Го зајакнува имунитетот

Производството на имуноглобулинот А е поголемо за време на утринскиот секс, отколку во било кое друго време од денот. Имуноглобулин А се антитела кои служат за одбрана на организмот од инфекции, а луѓето кои редовно водат љубов наутро имаат и до 30% поголемо ниво на имуноглобулин А во крвта. Ова го тврди истражувањето спроведено од Универзитетот Вилкс.

- Реклама -