Ако некогаш сте се исекле на хартија, знаете колку е непријатно тоа чувство.
Зошто секоја мала исекотина е толку болна?
Доколку се исечете од хартија е полошо од она што изгледа – се разбира дека не е смртоносно, но вистината е дека резовите што ги прави хартијата не се „чисти“. Освен тоа, со хартија најчесто се засекуваме на врвовите од прстите, места на кои што се наоѓаат голем број нервни завршетоци, па затоа боли.
„Линијата од хартија на прстите не е чиста како што изгледа. Рабовите на хартијата делуваат рамно и остро, но всушност се благо запчести, иако тоа не го гледаме со голо око“, вели Ферис Џабр од Американското научно здружение.
„Значи хартијата ја сече кожата повеќе како мал тестер, отколку како рамен и остар нож“.
Освен тоа, нагласува научницата, на таа мала исекотина се задржуваат делчиња од хартијата, која дополнително ја иритира раната. За среќа, исекотините се воглавно плитки, па не тече многу крв.