Зошто српките медиуми упорно го вовлекуваат премиерот Заев во „Рекет“

И додека обвинителката Вилма Рускоска е на годишен одмор, дел од српските медиуми на големо се ставија во улога на обвинители и во целата афера се обидуваат да го вовлечат премиерот Зоран Заев, односно да го посочат како главен виновник, најавувајќи дека „Владата во Северна Македонија се тресе“.

Аферата „Рекет“ деновиве уште повеќе ја тресе македонската јавност откако италијанскиот весник „Ла Верита“ почна да објавува видео и аудио снимки од разговори меѓу Боки 13 и бизнисменот Орце Камчев. На дел од овие снимки, чија што веродостојност се уште не е утврдена, се слуша и гласот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Таа не е осомничена во овој случај, но одземен и е мобилниот телефон, како што соопшти обвинителката Вилма Рускоска, заради прибирање повеќе информации за истрагата против Боки 13 и Зоки Кичеец .

Во случајот „Рекет“, засега, осомничени се само Боки 13 и Зоки Кичеец и тие се во 30-дневен притвор во затворот во Шутка.

И додека обвинителката Вилма Рускоска е на годишен одмор, дел од српските медиуми на големо се ставија во улога на обвинители и во целата афера се обидуваат да го вовлечат премиерот Зоран Заев, односно да го посочат како главен виновник, најавувајќи дека „Владата во Северна Македонија се тресе“. Со ваквите инсинуации српските медиуми, особено Курир и Информер, почнаа веднаш штом „Ла Верита“ ги објави првите снимки. Овие медиуми во Србија важат за блиски на тамошната власт и особено се популарни по својата сензационалност.

Така спрспки Курир во четвртокот (08.08.) излезе со ударен наслов „Скандал каков Македонците не паметат: Државниот врв на чело со премиерот Зоран Заев и Зоран Башановиќ вплеткани во мафијашко-рекетарската афера на на Боки 13! (SKANDAL KAKAV MAKEDONCI NE PAMTE: Državni vrh na čelu sa premijerom ZORANOM ZAEVIM i Zoranom Bašanovićem upleten u MAFIJAŠKO-REKETAŠKU AFERU BOKIJA 13).

На самиот почеток од текстот, Курир наведува дека „рекетарска афера ја тресе Северна Македонија, а во неа, покрај контроверзниот уапсен водител Бојан Јовановски, на естрадата познат како Боки 13, вплетка е и самиот државен врв на чело со премиерот Зоран Заев. Актер во оваа незапамтена мафијашка афера е и Зоран Башановиќ, советник на премиерот Заев…“.

Целата статија на Слободен Печат

- Реклама -