Зошто Сонцето е портокалово?

Зошто е огнена топка, а оганот е портокалов, нели? Не.

Нашето Сонце е бело, и би изгледало бело ако го гледаме од точка од вселената.

Атмосферата на Земјата ја распрснува сончевата светлина – особено светлината со пократка бранова должина, т.е. сината светлина. Како резултат, Сонцето изгледа благо-портокалово. Сината светлина што фали всушност воопшто не фали – таа го прави небото сино. Сета таа сина боја што ја гледаме на небото преку ден е всушност дисперзираната сончева светлина.

Што се однесува до другите ѕвезди, луѓето во градовите обично мислат дека се бели, бидејќи такви изгледаат на небото. Но, ако начекате ведро небо, особено ако сте далеку вон урбана населба, и погледнете во небото, очите ќе ви се адаптираат на темнината и ќе забележите дека небото е полно со боја. Ќе видите портокалови ѕвезди, црвени ѕвезди, сини ѕвезди, зелени ѕвезди…

Причината за ова се крие во самата биофизика на нашето око. Кога светлината е бледа, т.е. ѝ фали острина (а во градовите таква е поради светлосното загадување), не сме способни да видиме боја. Па така, кога гледаме кон ноќното небо очите не ни се целосно адаптирани на темницата, а ѕвездите ги гледаме како „замачкани“ точки од кои извира нејасна светлина со недефинирана боја.

Но бојата постои, а се гледа и на астрофотографите. Кога некоја блиска ѕвезда би ја имала истата колор-температура како и Сонцето, и неа би ја гледале со истата жолто-портокалова боја.

Quora

- Реклама -