Зошто солта создава зависност

солНаучниците тврдат дека солта создава зависност на ист начин како и цигарите и дрогите, и желбата ги стимулира истите гени, мозочни клетки и мозочни врски. Откритието би можело да објасни зошто за многу луѓе намалувањето на конзумацијата на сол е тешко, и покрај предупредувањата за опасностите за крвниот притисок и срцевото здравје.

За студијата, австралиски и американски научници чувале група глувци на исхрана со мала количина на сол додека група глувци добивале повеќе сол. Активноста во мозокот на глувците била споредена со глувци кои добивале нормална исхрана. Тие исто така ги проучувале и мозоците на глувци кои не добивале воопшто сол три дена по што добиле солена вода. Кога глодарите имале потреба за сол, мозочните клетки создавале протеини кои обично се поврзуваат со зависност од субстанци како хероин, кокаин и никотин.

Професор Дерек Дентон, од Универзитетот од Мелбурн, изјавил: „Во студијата демонстриравме дека еден класичен инстинкт, потребата за сол, нуди мозочна организација која создава зависност од опијати и кокаин.“ Студијата исто така покажала дека по конзумирањето на сол, мозокот верува дека ја добил потребната доза долго време пред тоа да е физички возможно. Тоа значи дека промените предизвикани од потребата за сол исчезнуваат долго пред солта да добие шанса да го напушти желудникот, да влезе во крвта и да стигне до мозокот.

Професорот Дентон додал: „Неверојатно е да се види дека гените кои се стимулирани од губитокот на натриум веќе се враќаат во оригиналната состојба за само десет минути. „Ова е еволутивен механизам со висока вредност за опстанок бидејќи кога животно ја губи водата или солта може да пие пет до десет минути и да избега со што се намалува опасноста од предатори.“ Истражувачите велат дека важноста на солта за севкупното здравје значи дека потребите за тоа создаваат „стар инстинкт“ длабоко врежан во нивниот мозок. [Why salt is addictive: It stimulates the brain cells just like cigarettes and hard drugs]

- Реклама -