Зошто сме нервозни кога сме гладни

„Ти не си ти кога си гладен“, вели една позната реклама, која иако не се однесува на раздразливоста која како од ведро небо се јавува кога сме гладни, совршено ја опишува таквата ситуација.

Им се случува и на најмирните. Како поминува времето од последниот оброк и опаѓа количината на хранливи материи и настапува гладот, така се зголемува нивото на раздразливост.

Како што објаснува „Bright Side“, заслужен за тоа е мозокот, на повеќе начини. Имено, јаглехидратите, протеините и мастите се разградуваат во едноставни шеќери, аминокиселини и слободни масни киселини. Како што минува времето од последниот оброк, количината на овие хранливи материи почнува да опаѓа. А кога ќе опадне нивото на глукоза во крвта на критична граница, мозокот тоа го перцепира како ситуација опacна по живот.

Работата на мозокот зависи од глукозата, а кога нејзиното количество опаѓа, одеднаш сѐ е потешко – потешко се фокусирате, правите банални грешки, а се случува дури и неповрзано да зборувате. Освен тоа, станувате и помрзеливи и сѐ ви пречи.

Во таквата ситуација – кога глукозата ја достигнува долната граница, мозокот испраќа сигнали до одредени органи да почнат да синтетизираат хормони кои го зголемуваат нивото на глукоза. Еден од тие хормони е и адреналинот, познат како хормон на стресот, кој се ослободува во крвотокот во сите стресни ситуации. Со други зборови, кога сте гладни, вие сте под стрес.

Другата причина зошто гладот е поврзан со лутината е што двете состојби се контролирани од исти гени. Еден од нив е невропептидот Y, кој се ослободува кога сме гладни, а влијае на различни рецептори во мозокот, вклучително и Y1, кој игра улога во контролата на гладот, ама и на лутината и агресијата.

 

- Реклама -