Зошто шетањето на вашето куче е подобро од вежбање

setanje_kuceЕве зошто e корисно да имате куче: експертите проценија дека сопствениците на кучиња вежбаат повеќе шетајќи ги своите миленици одошто оние кои вежбаат фитнес или аеробик.


Get-a-Dog-oneЕве зошто e корисно да имате куче: експертите проценија дека сопствениците на кучиња вежбаат повеќе шетајќи ги своите миленици одошто оние кои вежбаат фитнес или аеробик.

Истражувачите открија дека љубителите на кучиња вежбаат заедно со своите миленици два пати дневно во просек по 24 минути – вкупно пет часа и 38 минути неделно. Кога на тоа ќе се додаде и навиката на просечниот сопственик на куче три пати во неделата да го носи на долга прошетка својот миленик се добиваат додатни два часа и 33 минути – значи вкупно околу осум часа неделно. За споредба, оние кои немаат куче за домашен миленик трошат во просек по еден час и 20 минути неделно во вежбање одејќи на фитнес, аеробик, џогирање или обични прошетки, а речиси половина (47% од испитаниците) од оние кои не се сопственици на кучиња признаваат дека не вежбаат воопшто.

Експертите велат дека разликата помеѓу овие две групи луѓе е што одењето во салата за вежбање се чувствува како обврска, додека шетањето на домашниот миленик пружи поголемо задоволство. „ Како што покажа ова истражување, кога ќе се собере времетраењето на неколку кратки прошетки дневно тоа е повеќе од она што луѓето го поминуваат во сала за вежбање.“„Додека оние кои вежбаат тоа го прават во климатизирана сала, оние кои ги шетаат кучињата пешачат повеќе и можат да уживаат во свежиот воздух…“

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Студијата која беше направена во Британија опфати 5.000 испитаници, 3.000 беа сопственици на кучиња од кои 57% освен шетањето на нивните миленици не практикувале друга форма на физичка активност. Поголем дел од нив одговориле дека уживаат во прошетките со кучињата, а анкетата покажала дека шетањето ја охрабрува редовната физичка активност бидејќи испитаниците редовно го шетале своите миленици, дури и кога немале многу време. Боб Мартин, водачот на студијата заклучува дека „Со зголемениот акцент врз активниот и здрав животен стил изгледа дека да се има куче е здрава опција.“ [Average dog owner ‘gets more exercise than gym-goers’ ]

Average dog owner ‘gets more exercise than gym-goers’

- Реклама -