Знаете ли зошто се вели дека некој станал на лева нога?
Сте забележале ли дека оваа необична фраза е честа за многу народи и јазици? Таа настанала пред многу векови од интересни причини…
Сите знаеме дека кога некој ќе ни каже дека веројатно сме станале на лева нога, тоа значи дека сме нерасположени и непријатни без некоја посебна причина. Меѓутоа, малкумина го знаат точното потекло на овој израз.
Овој израз потекнува од старите Римјани, како и многу други обичаи и фрази кои опстанале со векови или милениуми откако Римјаните ги напуштиле сите територии.
Објаснувањето е прилично едноставно: Левата страна во Рим е сметана за лоша, баксузна, зла. Од таа причина се верувало дека станувањето од креветот, така што ќе го допрете подот најпрво со левата нога ќе предизвика целиот ден да се одвива лошо.
Интересно е што англискиот збор sinister, што значи злобен, настанал од латинскиот sinister, што значи – лев.