Зошто пингвините не можат да летаат?

Иако имаат крилја, овие симпатични птици не се во состојба да ги употребат за летање. Еве објаснување зошто е тоа така.

Научниците заклучиле дека пингвините ја изгубиле својата способност за летање затоа што се преориентирале на вешто и брзо движење под вода.

Истражувачите го анализирале птичјите роднини на пингвините од крајбрежните подрачја и заклучиле дека крилата кои се добри за летање не можат да бидат добри за пливање и нуркање.

„Како и многумина други, отсекогаш сум бил љубопитен во врска со пингвините и често додека ги набљудував нивните феноменални маршови по ледот се прашував зошто не полетаат. Прекрасно е да се биде дел од групата која го решила тоа прашање“, вели професор Џон Спикман од Универзитетот во Абедин.

Научниците наведуваат дека пингвините имаат многу кратки крила и поради тоа мора да мавтаат со огромна брзина за да се одржат во воздух.

Една од досегашните теории била дека пингвините ја изгубиле способноста за летање затоа што во подрачјето во кое што живеат нема многу копнени предатори.

„Другата идеја е биомеханичка хипотеза. Кога птицата лета и нурка, мора крилата да ги користи за две различни работи. Според биомеханичката хипотеза, не можете да направите крило кое ќе биде добро и за двете“, вели професор Спикман.
Научниците во текот на истражувањето го набљудувале северниот нуркач птица која може да плива речиси подеднакво добро како и пингвините, но може и да лета. Тие ја анализирале количината на енергија која птицата ја користи и заклучиле дека нуркачот може многу полесно да нурка отколку да лета.

Истражувачите сметаат дека северниот нуркач е преоден вид меѓу морските птици кои можат да пливаат и летат и оние кои не можат да се подигнат во воздух.

Експертите заклучиле дека пингвините во минатото извршиле еволуциска трампа на способноста за летање за можноста да бидат одлични пливачи и нуркачи.

- Реклама -