Зошто ознаките на возилата за брза помош се напишани наопаку?

v217586[1]

Се работи за пракса во речиси сите земји во светот, а одговорот е многу едноставен. Возачите веројатно задоволно се смешкаат бидејќи го знаат, ама ова е за тие другите што како и сите ние некогаш, мислат дека е грешка.

Имено, кога ознаката ја читате во ретровизор, ја читате правилно. Брзата помош во сообраќајот е директно поврзана токму со возачите што ја гледаат во ретровизор, кои се задолжени да ѝ направат пат, така што, сосема логично е ознаката да е наменета примарно за нив, наместо за автомобилите отспротива.

- Реклама -