Зошто Нил е „крвав“ на сателитските снимки?

nile-river-satellite-image[1]Реката Нил е дом на хипер-агресивните 6 метри долги и 750 килограми тешки нилски крокодили, кои ги следи репутација на „брутални човекојадци“ – убиваат околу 200 луѓе секоја година. Но, тука се и 3630 килограми тешките нилски коњи, кои всушност се уште поопасни од крокодилите. Вклучете ги тука и змиите и има доста причини зошто низ Нил би течела крвава вода. Сепак, тоа не е случај, а причината што Нил има крваво-црвена боја на поновите сателитски снимки на Европската Вселенска Агенција е малку поинаква.

Долгото објаснување на NASA (можете да го најдете тука) е прилично комплицирано; краткиот одговор е дека сателитите, како што е новиот Sentinel-3A кој ја направи фотографијата, мерат многу видови на електромагнетна радијација, меѓу нив и такви што го надминуваат малиот дијапазон што човековото око може да го регистрира како видлива светлина.

Меѓу тие видови радијација е и инфрацрвеното зрачење кое потекнува од хлорофилот во растенијата, кој ги поттикнува многу силно да ја рефлектираат инфрацрвената енергија. Кога тоа ќе се улови со сателит, се добива видлива нијанса на црвена боја, како таа на сликата.

Со други зборови, Нил е црвен заради целата вегетација што расте во и околу реката. А што побрзо растенијата растат, толку потемна е црвената нијанса.

Sentinel-3A го продолжува патувањето ширум светот и ќе продолжи со набавување на важни податоци не само за растот на флората, туку и за цела низа на глобални динамики, вклучувајќи ги пожарите, нивото на водата и сл. А со оглед на најновите податоци за повишувањето на нивото на морињата, логично е да нé фати страв за тоа што сé Sentinel-3A може да најде.

- Реклама -