Сточарите ширум Македонија мака мачат да најдат овчар, а фактот што нудат плата од 500 евра не го менува тоа.
Овој проблем го има и во источниот и во западниот дел на Македонија. Скендер Аме, претседател на Здружението на сточари „Даши“ од Дебар, вели дека во Дебарско има 40.000 грла овци, тој поседува 700 овци, но добар овчар тешко се наоѓа.
„Секој сака да работи, но 8 часа, додека овчарството бара 24 часа работа. Тоа е тешка работа, човекот ќе биде далеку од луѓето, во планина, само со овците и ќе биде зафатен. Имам сега овчар од Албанија, порано доаѓаа од Косово, но сега бегаат и тие во Германија, Италија, па и Хрватска каде се нудат плати за овчари од 800 до 1.000 евра со обезбедена храна. Европа моли за овчари. Друга работа е тоа што пред десет години и сега цената на сирењето е иста. Волната порано се продаваше, сега се фрла. Ние мораме да плаќаме даноци, пашарина, и треба државата да има стратегија за да овчарството оди напред“, вели Аме.
Неговите стада се во Дебар, а преку лето се во околината на Галичник.
Во Велешко 380 грла овци има Митко Јанков, претседател на Здружението Агроцентар од Велес. Тој вели дека е тешко да се најде добар овчар, кој си ја знае работата.
Целиот текст прочитајте го на Фактор.мк.