Дознајте зошто се случува да не можете да забележите голема разлика на своето лице пред и по користењето на одредени производи.
На пример. Некои препарати просто мораат да се применуваат под кожата за да имаат ефект.
Еден од примерите се инекциите со хијалуронска киселина. Иако истата влегува во составот на многу козметички производи, кога ќе се нанесе на површината на кожата, има многу мало влијание.
Користите производи кои не ви се препорачани од дерматолог или друг експерт
Нормално, тие прозиводи се безбедни за употреба и не предизвикуваат никакви компликации, но затоа имаат мало дејство. Обидете се да дознаете нешто повеќе за анти – ејџинг состојките кои влегуваат во составот на производите пред да се одлучите за купување.
Голем дел од овие прозводи служат само за ексфолизација и одржување на влагата на кожата
Ова ќе и даде на кожата привремен сјај и цврстина, но штом престанете да ги нанесувате вашата кожа ќе се врати во претходната состојба.
Некои креми предизвикуваат алергија или опсип и луѓето престануваат да го користат производот пред да покаже било каков ефект
Понекогаш дури и најквалитетните прозиводи можат да предизвикаат непосакувани реакции на кожата. Но, било која крема има мало влијание на кожата додека се користи. Изненадното престанување со употреба на производот, би можел да биде причина зошто прозиводот не покажал максимално дејство.