Дали некогаш ве вознемирил моментот кога ваш пријател раскажува интересен сон, кој го сонил претходната ноќ, а вие никогаш не ги паметите своите?
Француски научници најдоа одговор на загатката зошто некои луѓе се сеќаваат на ноќните виденија, а други – не.
Д-р Перин Руби од истражувачкиот центар за неврологија во Лион, успеал да ја открие областа во мозокот, каде се „снимаат“ соништата. За ова раскажува “Хафингтон пост” .
За време на експериментите во кои учествувале 41 доброволци, тимот на д-р Руби користел PET-скенер кој ја регистрирал спонтаната мозочна активност на луѓето за време на спиењето и на будната состојба.
Волонтерите биле рангирани во две групи според резултатите. Во првата биле сместени луѓето со силни сеќавања, кои може да репродуцираат во просек по 5 од своите сништа неделно. Додека во втората се наоѓале оние со неуслужлива меморија – со 2 меморирани сништа месечно.
Се покажало дека волонтерите со подобра ноќна меморија покажувале и многу напорна спонтана активност во центарот на обработката на информации на мозокот – слепоочниците-темената врска . Овие “невролошки превирања” го стимулирале запечатувањето на соништата во меморијата. Оваа група покажала и два пати поголема реактивност на надворешни стимули за време на спиењето од останатите учесници во тестовите.
Индијанско верување: Како да ги повикаме убавите соништа?
Според научниците луѓето кои имаат силна спонтана мозочна активност, се будат често ноќе на кратки паузи, без да го знаат тоа. Токму за време на овие периоди на будна состојба тие ги пренесуваат информациите за соништата во долгорочна меморија. Истите овие луѓе реагираат посилно на надворешни стимули како за време на спиењето, така и кога се будни – на пример, на звуци и светла. Но токму во несвесното будење се испоставува дека лежи клучот за Меморирање на соништата.