Се сеќавате ли на времињата кога детските фотографии од малите деца внимателно се чуваа во семеен фото-албум? Ова симпатично девојче ќе ве натера да се вратите на овој обичај.Во ерата на социјалните медиуми и технолошкиот напредок, многу е полесно да овековечите некои драгоцен семеен момент и за неколку секунди да го објавите на Фејсбук, отколку да носите насекаде фото-апарат, да чекате студиото за фотографија да направи фотографии, да трагате по убав албум, а потоа да го пополнувате.
Сепак, иако социјалните мрежи полека завземаат примат над многу аспекти во животот, неопходно е понекогаш да се запрашате како на тоа би можеле да гледаат најмладите.
Рекламата на Канон покажува како би изгледало отприлика ова, а меѓудругото дефинитивно ќе ве насмее.