Докажано е дека не можеме да уживаме со исти интензитет кога некој не скокотка и кога тоа го правиме самите.
Нашето тело крие мноштво мистерии, а доколку сакате да се позанимавате со една од нив, доволни ви се само перо и вашите стапала. Дајте му го перото на својот пријател и замолете го допре по вашите стапала, а потоа направете го истото самите. Доколку сте како и повеќето, првата ситуација ќе ви предизвика повеќе реакции, додека втората ќе ве одведе во агонија. Еве го и одговорот зошто е тоа така.
„Скокоткањето самото по себе доведува до големи прашања за свеста и самосвеста“, објаснува Џорџ Ван Дом, од Универзитетот Монаш во Австралија. Од таа причина, бил спроведен експеримент во кој луѓе се скокоткале самите себе во лабораторија.
Психологот Стенли Хол во далечната 1897 година открил дека постојат два вида на скокоткање – книсмесис (скокоткање кое не предизвикува насмевка) и гаргалесис (кое предизвикува смеење). Ние се смееме и ни одговара кога некој не‘ скокотка, бидејќи не го очекуваме тоа. Малиот мозок кој е инаку задолжен за нашето движење, може да ја детектира разликата меѓу очекуваните сензации (гребење, чешање) и неочекуваните.
Поради овие разлики, ние не можеме да предвидиме каде ќе не почеша некој, или како ќе се чувствуваме кога ќе го направи тоа, така што незнаењето ни создава паника. Таа паника се манифестира низ неконтролирано смеење.
Интересно е тоа што овој начин на изразување паника, низ еволуцијата бил заштита од предатори. Ние не можеме да се скокоткаме себе бидејќи доколку нема изненадување, нема ни смеа.