Сигурно знаете дека како што одминуваат годините, брчките стануваат се повидливи. Но, дали се имате запрашано зошто настануваат брчките и како може да ги отстраните? Почнувајќи отприлика на 25 годишна возраст од животот, на површината на кожата се јавуваат видливи знаци на стареење. Во тие години се успоруваат процесите во кожата, а структурите почнуваат да слабеат. Започнува да се менува количината на супстанции кои ја затегнуваат кожата и ја прават мека. Ова е последица од комбинацијата на внатрешни процеси на стареење на организмот и влијанието на надворешните фактори.
Еден од очигледните знаци за стареење се брчките, кои стануваат се подлабоки како што времето поминува. Постојат бројни начини како да се делува на нив, како неинвазивно така и инвазивно. Некои нудат моментален бенефит, а некои долготрајни резултати.
Зошто настануваат брчките и каде се појавуваат?
Кога старееме, количината на супстанции кои ја одржуваат кожата млада и мека се намалуваат. Тука спаѓа колагенот, еластинот и хијалуронската киселина. Кај младите, правилниот распоред на дермалното ткиво и големите залихи на колаген и еластин, придонесуваат за добрата структура, па тогаш кожата изгледа изедначено и цврсто. Со текот на времето внатрешните процеси на стареење предодредени од нашите гени, заедно со оксидативниот стрес предизвикан од надворешните фактори, на пример заради изложување на сонце, почнуваат да влијаат на изгледот на кожата. Годишно, нивото на колагенот се смалува за 1% и тоа во неорганизиран распоред на дермалното ткиво што доведува до губиток на јачината на кожата и појава на брчки.
Уште еден клучен фактор во настанување на брчките е се послабото производство на хијалуронска киселина. Тоа е сврзна супстанција која ги обвиткува клетките и дава младешки изглед. Со слабеењето на таа супстанца кожата станува подложна на брчки. Овие процеси на општо стареење придонесуваат за губење на густината и волуменот.
Која храна помага против брчки?
Гените играат важна улога во процесот на стареење и појавата на брчки, но подеднакво важен фактор е храната која се внесува во телото. Ние не можеме да го победиме целосно овој природен процес, но затоа можеме да го одложиме нашето стареење со исхрана која е богата со антиоксиданси. Освен тоа, важно е да се избегнува храна која е масна и содржи високо ниво на јагленихидрати, додека пак овошјето, зеленчукот, житарките и гравот, се ваши сојузници во постојаната борбата против стареењето.
Со домашен рецепт, измазнете ги брчките
Овој домашен крем е идеално средтсво за нега на кожата, хидрира, го подобрува тенот, ги намалува видливите брчки и го успорува процесот на стареење.
Потребни состојки:
1 кафена лажичка органски мед
8 кафени лажички рендан пчелен восок
200ml бадемово масло
½ чаша ружина вода
Постапка:
На тивок оган стопете го медот, восокот и бадемовото масло. Откако добро ќе се стопи, тргнете ја смесата од рингла и оставете ја да се излади, но не целосно. Додајте ја ружината вода на топлиот восок и тоа капка по капка и мешајте.
Откако лосионот ќе биде добро промешан, сипете го во стаклени тегли, кои ќе ги затворите откако препаратот целосно ќе се олади. Овој препарат можете да го користите за отстранување на шминка или како крема против брчки.