Зошто најдобрите луѓе најмногу страдаат?

Во школото на животот, секој ден е испит, а секое искуство е нова лекција.

Исто како и во училиште, така и во животот: не им оди на сите подеднакво. Некој е подобар во математика, некој едвај се снаоѓа со бројките. Некој е талентиран за јазици, додека има луѓе кои се мачат и сопствениот јазик да го научат. Секој игра со картите кои му се доделени. Генетиката, материјалниот статус, потеклото и многу други фактори го одредуваат нашиот пат.

Но, тоа се само околностите. Тие фрлаат камења на нашиот пат, а понекогаш ги тргаат препреките. Ние не можеме многу да влијаеме на нив. Меѓутоа, она што го создаваме од нашиот живот во тие околности е производ од нашите одлуки и моќта да избереме дали ќе ја играме улогата на жртва или борец.

Воопшто не е случајно тоа што најпрекрасните луѓе кои ги познаваме се токму оние кои ги претрпеле најголемите животни порази и удари, кои знаат што е страдање, а сепак го пронашле својот пат. Тие луѓе низ сопствената болка стекнале сочувство за туѓите маки, научиле и ја разбираат борбата на другите луѓе, ја стекнале моќта на емпатијата, нежноста, грижливоста и љубовта кон другите. Убавината на нивната личност не е нешто што им е дадено од раѓање. Тие ја стекнале минувајќи низ пекол.

Добрите луѓе не се родиле добри. Тие самите се создале и се направиле такви – правејќи го изборот да не бидат жртви и да не се предаваат. Добрите луѓе носат светлина во нашиот живот, затоа што успеале да излезат од темнината. Животот воопшто не ги галел. Тие се родени во мрачни времиња и живееме во тешки услови, но секогаш наоѓале начин да го осветлат своето тмурно секојдневие со извлекување на најдоброто од себе и околностите во кои се наоѓале.

Тоа не се луѓе кои се родени под среќна ѕвезда. Тие морале самите да ја создадат својата среќна ѕвезда, додека животот на секој агол им поставувал сопки. Некои живееме во сиромаштија, други останале сами на овој свет уште на рана возраст, без своите најмили, трети трпеле насилство во семејството или растеле во екстремно негативно опкружување. За што и да се работи, заедничко за сите нив е тоа што преживеале и од сето тоа излегле како личности кои секој ги сака во своја околина: полни со топлина, љубов, мудрост, луѓе кои зрачат со светлина и среќа.

Тие морале да работат напорно за сѐ што другите го добивале на готово и морале да се борат да живеат нормално.

Тие најсилно љубат, затоа што највеќе страдале.

Тие најдобро знаат како е да бидеш повреден, па затоа внимаваат како се однесуваат со другите.

Само оној кому срцето било скршено знае целосно да ја цени љубовта која му е подарена. Таква личност не може да посака, ниту да нанесе болка каква што и самиот доживеал. Добрите луѓе препреките ги гледаат како можности за развој. Тие не дозволуваат да бидат преплавени од песимизам, затоа што знаат дека нема никаква корист од тоа. Тие научиле како да размислуваат позитивно кога е најтешко. Нивната благост е родена во болката.

Тие имаат преживеано сѐ и сето тоа го оставиле зад себе. Тие преживеале бура и сега им помагаат на другите да не потонат. Во бурата на животот решиле да преживеат, одлучиле да бидат посилни од сите лоши моменти. Тие знаат дека можат да преживеат сѐ. Секоја рана им служи како потсетник дека секоја рана може да се залечи. После секој пад тие повторно застануваат на нозе. Тие никогаш не се откажуваат.

Во животната трка секој обично се гледа само себеси. Но, оние кои знаат што е страдање, водат сметка за своите блиски, за своите сопатници и оние кои водат слични битки. Од нив секогаш ќе чуете убав и охрабрувачки збор. Тие ќе ви подадат рака за помош секогаш кога ќе ви биде потребно тоа!

- Реклама -