Фотошоп е од клучно значење за пропагандната машинерија на Северна Кореја. Бруталната диктатура сака Севернокорејците да веруваат во многу невистини: дека Ким Џонг Ун има подморници со балистички ракети, дека има ховеркрафти и слично – а сé тоа се покажа како само производ на лоши фотомонтажи.
Сепак, веројатно најчудниот аспект од употребата на Фотошоп во Северна Кореја е константната манипулација на ушите на лидерот. Тоа речиси и никој да не го забележа сé доdека Дејвид Шмерлер – аналитичар во центарот Џејмс Мартин за непролиферација, не твитна фотографија од левото уво на Ким, на која на ушната школка се гледа некаков израсток или повреда. Џефри Луис – уште еден аналитичар и директор на Програмата за непролиферација во Источна Азија, му одговори со истата констатација – дека Северна Кореја развила навика да ги фотошопира ушите на Ким Џонг Ун.
Sometimes we see editing in pictures of Kim Jong Un – particularly around his ear – wonder if this has anything to do with it? pic.twitter.com/ggmy1yUOIn
— Dave Schmerler (@DaveSchmerler) May 30, 2017
„Во последниве пар години, забележавме дека ушите на Ким Џонг-Ун често делуваат изменето, заедно со други аспекти од неговата појава. Сметаме дека тоа се само козметички исправки, кои треба да му помогнат на Ким да изгледа малку позгоден отколку што е во живо; исправки кои би ги направил и еден свадбен фотограф, на пример. Тој не ги сака своите уши, или барем така изгледа“, вели Луис во мејл за Vice.
Како знаат? Благодарение на форензички софтвер наречен „Tungsten“, аналитичарите можат да ги воочат дигиталните измени („математичките артефакти во фајлот на сликата“, е изразот на Луис) на споменатите севернокорејски фотографии. Еден од филтерите на софтверот овозможува да се мапира хроматскиот шум, флуктуацијата на бојата, и е посебно корисен за откривање на ретуширање. Другите филтри покажуваат и клонирани пиксели, како и модифицирана компресија или острина на сликата. Во некои случаи, експертите можат дури и да откријат дали одредена фотографија е отварана и сејвувана во Фотошоп.
Во случајот со ушите на Ким, хроматскиот шум околу неговото лице покажува „многу црвена боја“ и не се совпаѓа со остатокот од неговото тело. Особено што ушите се тешки за фотошопирање поради нивната комплексна анатомија, истакнува Луис. А делот од сликата на кој многу се работело често ќе се разликува од остатокот, бидејќи има доста шум и разни други траги.
Како пример, Шмерлер и Луис ја наведуваат следнава фотографија, на која е изменета целата појава на Ким Џонг-Ун, а не само ушите. Во споредба со него, човекот пред него емитува помалку шум и веројатно не е ретуширан.
Треба да се напомене дека филтрите на Tungsten не се осмислени да се користат поединечно, туку во пакет. Дури и самиот креатор на софтверот (Роџер Козијен, го направил во 2009-та по нарачка на француското министерство за одбрана) акцентира дека не треба да се извлекуваат заклучоци врз основа на еден филтер, туку дека идеално е фотографијата да се пушти низ сите понудени филтри, и да се бара совпаѓање на резултатите, а хроматскиот шум да се тумачи единствено како хроматски шум. Особено што одредени сјајни предмети (очила, на пример) природно оддаваат поголем шум.
Но дури и без форензички софтвер, јасно се гледа дека ушите на Ким редовно се тушираат (да се нашалиме, де). На една мрзливо обработена фотографија, јасно се гледа силуетата од неговото природно уво, кое е веројатно смалено и преобликувано.
Што се однесува до раната на увото на Ким, неколку дерматолози понудија можни решенија. Адам Фридман, професор по дерматологија на медицинскиот универзитет „Џорџ Вашингтон“, вели дека му личи на заразен молуск – заразна, но неопасна инфекција. Сепак, вели дека увото е чудна локација за такво нешто. Рени Џазаџерил, дерматолог од Чикаго, вели дека е можно да се работи за некаков вид на конгенитален дермален синус, или циста која оди длабоко под кожата. Двете дијагнози нудат одговор зошто не е отстранета, бидејќи по операцијата би имало уште позабележлива рана. Можеби Ким Џонг-Ун преферира да носи вака мал израсток, вели Џезаџерил.
Вака или така, во скора иднина ушите на Ким веројатно ќе ни останат мистерија. А Северна Кореја не е нова во прикривање на болестите на своите лидери. Ретко кој го има видено израстокот со големина на тениско топче на вратот на Ким Ил-Сунг, на пример. Кликнете на спојлерот, ако баш инсистирате да го видите (изгледа погадно одошто звучи).
[spoiler title=’Океј, чим не ни верувате.’ style=’default’ collapse_link=’true’] [/spoiler]
„Што се однесува до Ким Џонг-Ун и неговите уши, тоа што нас нé привлече не е една негова слика, туку тоа колку ги има“, вели Луис. „Не секогаш има знаци на измена на фотографиите од неговите уши, ама ги има доволно за да ни го привлечат вниманието“.
На темата: Ѕирнете и пар историски манипулирани слики, од времето кога немало Фотошоп