Зошто младите мажи се најдобри фанатици

129789-neo-nazi[1]

Младите мажи се особено подобни да станат фанатици. Секој диктатор, секој гуру, секој религиозен лидер го знае ова. Фанатиците имаат прекумерно чувство на идентитет базирано врз кауза (на пример, религија) или групна припадност (банда, тим). Тие воспоставуваат ексклузивна врска со другите членови од групата и се спремни да ризикуваат повреда, загуба, па дури и смрт – сé во име и за доброто на групата. Ги сметаат сите други за аутсајдери, па и непријатели. А зошто се сé млади мажи?

Во свет на нации-држави, младите мажи ги водеа сите војни што ги формираа повеќето држави. Истото важи и за племињата, селата и провинциите. Младите мажи имаат квалитети кои ги специјализираат за оваа есенцијална функција. Лесно се идентификуваат со својата група. Формираат блиски врски со другите членови. Наклонети се да следат силен лидер. Затоа младите мажи се ранливи на влијанијата од околината, како што е доминантната култура во која живеат, и затоа се толку лесно привлечени од харизматични лидери или начини на живот што ветуваат припадност во затворени групи со строго дефинирани цели и вредности. Тие сакаат да преземаат ризици во име на нивната група и обично ја потценуваат опасноста што произлегува од таквите ризици. Ако младите мажи ги немаа овие особености, немаше толку радо да одат во војни, а со тоа и ќе беа помалку способни да исполнат една од нивните суштински социобиолошки улоги.

Зошто се вакви? Делумно, тоа зависи од тестостеронот, кој влијае на нивниот мозок за време на раниот фетален живот. Изложеноста во матката го „маскулинизира“ („машкосува“) мозокот – давајќи му одредени карактеристики, меѓу кои и сексуален идентитет на машко, како и наклонетост кон начини на игра што вклучуваат физички контакт, па дури и игра низ борба. Ова го знаеме затоа што слично однесување се покажува и кај девојчињата што во овој период се изложени на абнормални нивоа на тестостерон. Во пубертетот се случува уште еден бран од тестостерон, кој делува на овој веќе подготвен мозок: не само што ја буди сексуалноста, туку охрабрува и различни тактики при компетитивноста на придобивање на сексуален партнер – вклучувајќи и употреба на агресија и ризично однесување. Сепак, тестостеронот е далеку од единствениот фактор што создава фанатици.

Тестостеронот делува на древен дел од мозокот – лимбичниот систем. Човечкиот лимбичен систем изгледа многу слично на оној на другите примати, како на шимпанзата, а е препознатлив и кај стаорците. Но, овој дел од човечкиот мозок е регулиран од страна на една понова „надоградба“: фронталниот лоб, кој се наоѓа зад челото. Меѓу другите функции, фронталниот лоб е важен за личноста, за друштвените интеракции и за повлеченоста. Оштетувањата доведуваат до попречено и несоодветно друштвено однесување, како и недостаток на способност за расудување.

Машките фронтални лобови не созреваат целосно дури до нивните доцни 20-ти, за разлика од оние кај жените кои созреваат порано. Овој дел од мозокот има висока тенденција да реагира на општествените текови и однесувањето на другите луѓе. Стереотипниот млад маж – гласен, неразумен, агресивен (но и нонконформист, и со тоа – иновативен) – може да е еден од резултатите. Така, колку и да претставува важна предност за групата од еволутивна гледна точка, комбинацијата од буен тестостерон и несозреан фронтален лоб може исто така да објасни зошто младите мажи сакаат да преземаат ризици и зошто се ранливи на фанатизам.

voetbal.hooligans.aangepakt.geweld.ajax_.feyenoord-640x330[1]

Се разбира, не сите млади мажи, па и фанатиците, стануваат терористи. Сите млади мажи не се исти. Различните исходи можат да се должат на различни општествени фактори. Многу од терористите доаѓаат од криминална или сиромашна средина. Знаеме дека занемареното или насилното детство може да резултира во антидруштвени или девијантни појави во однесувањето во подоцнежниот живот. Општествената околина на поединецот рано во неговиот живот може да има долготраен ефект на бихејвиоралните импликациии. Научниците веќе наѕираат во механизмот на кој овие услови резултираат во долготрајни, па и трајни промени во мозокот, макар што сега засега немаат начин да ги неутрализираат таквите ефекти. Луѓето кои покажуваат безобѕирност кон нормалните меѓучовечки односи ги нарекуваме „психопати“, имплицирајќи дека тие имаат абнормални (патолошки) „настани“ во нивната психа (ум). Исто така, знаеме и дека постојат луѓе што развиваат генетички абнормални друштвени особености (како аутизам), независно од созревањето и околината во која растат. Не ги знаеме прецизните дефекти во мозокот кои се одговорни за тоа, сепак, нивната природа – на абнормалното друштвено однесување и интер-персонални односи – посочува кон фронталниот лоб, макар што и други области од мозокот можат да бидат вклучени.

Општествениот статус е величен од мажјаците кај многу видови животни, па и кај човекот. Неколку нечовеколики примати одржуваат јасно дефиниран ранк на доминација. Повисокиот статус овозможува поголем пристап до храна, засолниште и сексуални партнери. Најмногу се заснова на физичката надмоќ, па мажјаците се борат или си упатуваат закани за да ја утврдат својата позиција на доминантната скала.

Очигледно, ова се јавува и кај луѓето. А сепак, човековиот мозок има развиено и други системи на рангирање, вклучувајќи ги тие засновани на пари, плодност или техничка способност. Развојот на далечински оружја ја намали нашата зависност од мускулната сила, а истакна други особености, како безмислосноста, храброста и лидерството. Во фанатичните групи, постои голема компетиција на покажување на квалитети кои го покачуваат статусот на поединецот во однос на другите. Ова е особено привлечно за оние, кои во другите сфери на животот, имаат малку причини да се сметаат дека се рангирани високо.

Терористичките или агресивните чинови, следствено, можат да бидат извршени за да ја докажат вредноста на членот и да го привлечат вниманието кои на друг начин изгледа неосвоиво. Тоа е модерен начин да се задоволат нашите древни биолошки потреби – почитта за која копнеат машките индивидуи. На кратко, тенденцијата на машкиот мозок е да формира врски со другите мажи (на пр. улични банди) да препознава и да се идентификува со групи, да ги брани тие групи од другите, и меѓусебно да се натпреварува со другите членови од групата за пристап до повеќе добра. Хормоналната конституција на младиот маж, заедно со начинот на кој неговиот мозок созрева, ја зголемуваат неговата подложност на фанатизам, како и на екстремни примери на приврзаност, и го прават подложен за преземање на ризични акции во име на групата.

e5ce62e1d0974509b74aaad4f0cc21f6-4e569733886445acbedac2cf10e077bb-0[1]

Човечкиот мозок има развиено дополнителни категории на идентификација кои другите видови ги немаат, вклучувајќи ги и тие на заедничките верувања или етички ставови. Денес, идентитетот сé повеќе се заснова на верувања. Огромниот човечки мозок ги создаде оружјата – овие пак им даваат на фанатиците максимално ефективни средства за достигнување на примитивната цел на доминација преку тероризирање на другите. Патот до фанатизмот е поплочен од машките гени, раните искуства на поединецот, хормоните, созревањето или несозревањето, и општествениот контекст во кој тој самиот се пронаоѓа. Сите овие можат да резултираат во состојба на умот што е опасна мутација на улогата што е биолошки есенцијална за младите мажи. Научниците продолжуваат да работат на тоа да научат да ја препознаваат оваа состојба во мозокот, начините на кои се јавува, и по можност, начините со кои може да се спречи.

- Реклама -