Скарата (историски гледано) е единствената форма на „готвење“ која ја познаваат и практикуваат сите мажи. Додуша, тоа што мажите го владеат правењето скара може да е последица на самата едноставност на процесот, кој обично се одвива во неколку чекори, и речиси во секој од нив вклучува жена:
1. Мажот, но често и жената, оди во продавница да купи што е потребно.
2. Жената ја подготвува салатата, зеленчукот и десертот.
3. Жената го подготвува месото за скара, го реди во чинија и го носи до скарата. Мажот е таму, чека и пие пиво.
4. Мажот го реди месото на решетката.
5. Жената влегува дома да го провери зеленчукот и да ја постави масата.
6. Жената излегува надвор да му каже на мажот дека месото му гори и дека треба да се тргне од скарата.
7. Мажот го трга месото од решетката и ѝ го дава на жената да го однесе дома и да го сервира.
8. Жената го става месото на маса и го сервира во чинии.
9. Сите го фалат мажот колку добро ја испекол скарата и ѝ кажуваат на жената дека има среќа што има таков маж.
10. По ручекот, жената ја раскрева масата и ги мие садовите.
11. Мажот ја прашува жената дали е задоволна што имала слободен ден. Кога таа ќе го погледне под око и ќе зашкрта со забите, мажот промрчува дека некои жени едноставно од ништо не се задоволни.