Зошто мажите повеќе сакаат да се сами?

МажиДа, мажите сакаат и да се во врска, да имаат партнер, да ги искусат сите позитивни нешта што произлегуваат од тоа. Но, мажите далеку повеќе сакаат да се сами и самостојни. Еве 5 причини зошто е тоа така.

Да, мажите сакаат и да се во врска, да имаат партнер, да ги искусат сите позитивни нешта што произлегуваат од тоа. Но, мажите далеку повеќе сакаат да се сами и самостојни. Еве 5 причини зошто е тоа така.

Мажи1. Можат да флертуваат

Доаѓа ден во кој секој маж ќе се разбуди и ќе сфати две нешта: а) жените се насекаде околу него и б) жените се прекрасни. Оттаму, нормално е дека ќе сака да флертува со оние што ќе му се допаднат. А многу попријатно е да се прави нешто без грижа на совест.

2. Можат да бидат себични

Кога мажот не е во врска, тоа значи дека нема договорени кафиња / ручеци што мора да ги испочитува, нема закажано запознавање пријатели и најважно од сѐ, не мора да ги трпи нејзините роднини. Со други зборови, кога мажот е сам, тој е господар на сопственото време постојано и не мора да прави компромиси за доброто на заедницата.

3. Можат да се фокусираат

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Веројатно најубав дел од секоја врска е почетокот. Кога ќе се занесете по некого, ќе мислите само на него и не можете да направите ништо друго. И ова не е претерување. Многу често, на сметка на новиот човек во животот, трпат другите сегменти, особено работата. А мажите сакаат да бидат фокусирани на тоа што го работат (професионално или не, без разлика).

4. Живот без извинувања

Мажите воопшто немаат проблем да се извинат, кога нешто згрешиле. Но, проблемот е во извинувањето за нешта кои на нивните партнери им се чинат погодни за извинување. Кога мажите се сингл, тогаш знаат дека нема да мора да се извинуваат за имагинарни проблеми.

5. Светот им е на дланка

Нема ништо што мажите сакаат повеќе од правото на избор. Можноста да го изберат следниот партнер дава неверојатно чувство на моќ. Постојат бескрајно многу убави и паметни жени во светот, што на мажот му дава и неограничени можности, а суровата реалност е дека никој не е незаменлив.

- Реклама -