Зошто мажите имаат поголеми носеви од жените?

Американските научници тврдат дека ja откриле причината за различниот профил на жените и мажите.

Мажите имаат поголема мускулна маса, која бара поголем нос, за да вдишуваат повеќе кислород.

Претходните студии врз современи луѓе покажале дека мажите во целиот свет во принцип имаат поголеми носеви од жените и соодветно имаат пошироки носни шуплини и внатрешни воздушни канали. Мажите исто така преземат повеќе кислород при дишењето преку нос. Но, тоа се уште не беше доказ дека различните потреби од кислород се причина за различните димензии на носот кај луѓето.

За да го докаже ова, новата студија сака да воспостави на која возраст почнува да се појавува разликата во големината на носот кај двата пола. Податоците од неа покажуваат дека носот на мажите е во просек 10 проценти поголем од оној на жените и разликата се појавува во адолесценцијата, па така точно се совпаѓа со времето кога момчињата почнуваат да трошат повеќе енергија и кислород.

Според истражувачите од Универзитетот на Ајова ова откритие фрла светлина и врз една од мистериите на човечката еволуција, имено зошто неандерталците имале големи носеви. Според нив димензиите на човечкиот нос се поврзани со тоа од колкаво количество кислород му е потребно на организмот. Скелетот на древните луѓе покажува дека тие имале поголема телесна маса од денешниот човек, и затоа имале потреба од повеќе кислород, а согласно со тоа и поголем нос.

- Реклама -