Зошто мамурлакот е посилен кога си постар

hangover2

Сé станува потешко кога старееш, а тоа ја вклучува и способноста да закрепнеш од ноќ помината во пиење алкохол. Денес ти се случува после три пива да се чувствуваш како некогаш кога пиеше по 30, но тоа е сосема нормално – времето на „рехабилитација“ од едно кафе во младоста се продолжува на неколку часа па до неколку дена кога си постар. Зошто?

Кари Ром од Science of Us вели дека се работи за неколку клучни причини. За почеток, имаш пониско ниво на ензимите што ги произведува црниот дроб – алкохол дехидрогеназа и алдехид дехидрогеназа – кои пак му се потребни на телото за да го разложи алкохолот и неговите остатоци. Тоа значи дека ацеталдехидот – еден од тие зезнати остатоци кои прави да се чувствуваш како да те удрил воз, останува во твојот систем подолго отколку порано.

Згора на тоа, со стареењето, на телото генерално му оди сé полошо во справување со нештата, благодарение на имуносенесценцијата т.е. постепеното ослабување на имуниот систем. Телото уште знае како да се заштити и да се залечи, но тоа не му оди од рака така брзо = подолг и полош мамурлак.

И последен, но не и помалку важен фактор е стилот на живеење, кој игра голема улога во тоа како се чувствуваш. Сега кога си постар, имаш повеќе одговорности и задачи, па не можеш да го поминеш денот во рехабилитација од мамурлак. Наместо тоа, се бориш со главоболката и лошењето додека работиш или се грижиш за децата.

- Реклама -