Главниот град Скопје и делови од земјава се во магла. Колку, сепак, луѓето знаат да се справуваат со ваквото време и се свесни за последиците кое ги предизвикува истото?
Добро е да се знае дека маглaта е опасна најмногу за луѓето со вирусни инфекции или со респираторни заболувања.
Ризикот доаѓа оттаму што маглата претставува кондензирана пареа која се шири до почвата , т.е. на нивото кое го дишеме. Околу самите водени честички сепак се собираат други цврсти прашкасти честички , а исто така и вируси и бактерии .
Тешките честички ја пробиваат нежната слузокожа на горните дишни патишта, пружајќи можност за многу полесно развивање на вирусите и бактериите.
Освен тоа маглата го помага развојот и на акутните респираторни заболувања , кои масовно циркулираат во моментов , и обезбедуваат можност за полесен напад на организмот од страна на грип.
За кого маглата е најопасна ?
Маглата впива , слично на сунѓер , разни штетни честички од воздухот . Таа се одразува најлошо на луѓето со астма и други хронични заболувања . Често болните се соочуваат со потешкотии со дишењето , се задишуваат при најмал напор како искачување по скали или брзо одење.
Маглата се одразува лошо и на луѓето со проблеми во зглобовите и коските. Болните од артритис и остеопороза може да почувствуваат влошување на симптомите во текот на подолг маглив период.
Маглата се одразува непријатно и на болните од сезонскиот грип или настинка. Магливото време ги влошува симптомите како треска и кашлица .
Меѓу најранливите при магливо време се доенчињата и малите деца.
Депресија
Магливото време може да влијае и на емоционален план . Магливите денови често влијаат на нашето расположение . Психолозите велат дека почувствителните луѓе продолженото магливо време може да ги турне во депресивна состојба .
Како да се намалат негативните ефекти од маглата ?
Во случај да работите на отворено или ви се наметнува долго време да одите во маглата , еве неколку совети како да се чувствувате подобро .
Пијте жешки течности , што може , почесто
Дишете преку нос. Тој е природен филтер на валканиот воздух.
Дишете во шал , но не повеќе од неколку минути. Бактериите онака ќе заглават во него .